Ревизор Бабамов

Добредојдовте
На овој сајт може да дознаете нешто повеќе за TP "Ревизор Бабамов", нашата работа како и нашите идни обврски.

Наша обврска и асортиман

Контрола

Активноста на внатрешна ревизија мора да и помага на организацијата во одржувањето на ефективни контроли преку проценка на нивната ефективност и ефикасност и преку промоција за постојано подобрување.

Управување со ризик

Активноста на внатрешна ревизија мора да ја процени ефективноста и да придонесе за подобрувањето на процесите на управување со ризик.

Планирање

Раководителот на единицата за внатрешна ревизија мора да изготви планови врз основа на проценка на ризик за да ги определи приоритетите на активноста на внатрешната ревизија согласно целите на организацијата.

Политики и процедури

Раководителот на единицата за внатрешна ревизија мора да воспостави политики и процедури за спроведување на активноста на внатрешна ревизија.

Квалитет на известувањето

Известувањето мора да биде точно, објективно, јасно, концизно, конструктивно, комплетно и навремено. повеќе

Цел, овластување и одговорност

Целта, овластувањето и одговорноста на активноста на внатрешната ревизија мора формално да бидат дефинирани во повелбата за внатрешна ревизија, согласно со Дефиницијата на внатрешна ревизија, Етичкиот кодекс и Стандардите. повеќе

Карактер на работата

Активноста на внатрешната ревизија мора да ги проценува и да придонесува кон подобрување на процесите на управување со организацијата, управување со ризик и контрола употребувајќи систематски и дисциплиниран приод. повеќе